Во дерби натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал одиграа 2:2 на „Етихад“, откако избраниците на Пеп Гвардиола избегнаа пораз со гол во осмата минута од судиското надополнување.
Ништо не навестуваше ваков расплет, со оглед на тоа што домашните поведоа со 1:0 во 9. минута со голот на Ерлинг Халанд, негов 10. сезонава. Сепак, гостите од Лондон заминаа на одмор со преднсот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прво Рикардо Калафиори го постигна првиот гол за „топчиите“ во 22. минута за израмнување на 1:1, а Габриел погоди за 1:2 во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме.
Во осмата минута од судиското надополнување гостите останаа со играч помалку, бидејќи Леандро Тросард беше исклучен поради вториот жолт картон.
Граѓаните продолжија да се обидуваат да израмнат, но Давид Раја беше одличен во голот на Арсенал, кој во два наврати ги стопираше обидите на Јошко Гвардиола.
Сепак, во осмата минута од судиското надополнување, притисокот на домаќините вроди со плод. Голот за 2:2 го постигна Џон Стоунс.
Манчестер Сити на тој начин го претрпе првиот пораз, додека Арсенал со четвртата победа се искачи на првото место.