Саудиска Арабија во овие денови е во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради доведувањето на европски ѕвезди, но наводно се појавиле и проблеми.
Кристијано Роналдо прв направи трансфер во оваа земја уште во јануари за 200 милиони евра по сезона, ист договор доби и Бензема, Канте потпиша за 100 милиони по сезона…Меѓутоа сега се пишува дека дел од клубовите во оваа земја, меѓу кои е и Ал Наср на Роналдо не исплаќале плати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ФИФпро, најголемото здружение за заштита на правата на фудбалерите предупреди дека во последните 12 месеци се појавиле 50 примери на неисплатени примања од договорите. Исто така тие порачуваат да внимаваат што прават, оваа организација ја застапуваат околу 65.000 играчи ширум светот.
Се издвојува примерот на Луис Грабан, поранешниот играч на Нотингем Форест и Бормут кој се приклучи на Ал-Ахли минатото лето. Него клубот му остана должен околу 460.000 евра во плати и 650.000 евра по раскинувањето на договорот.
Се потенцира дека такви примери има 50-тина и еден е од Ал-Наср каде што пристигна Роналдо.