Пред два дена Севиља излезе со официјално соопштение дека е постигнат конечен договор со Витоло за продолжување на соработката, а денес играчот му „заби нож“ во грб на својот клуб.
Имено, додека челниците го чекаа Витоло да дојде да стави потпис на договорот тој со приватен лет замина за Мадрид и потпиша договор со Атлетико, кој ја активираше откупната клаузула од 40 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И покрај фактот што „јорганџиите“ имаат блокада за трансфери, сепак решија да го купат Витоло така што ќе го испратат во Лас Палмас на 6-месечна позајмица.
Витоло има 27 години, а кариерата ја започна токму на Канарските острови. Во кариерата за Лас Палмас и Севилја има одиграно 260 натпревари и постигнато 53 голови. Од 2015 година е репрезентативец на Шпанија, на 11 настапи има постигнато четири голови.
Витоло право за настап во дресот на Атлетико ќе стекне на 1.јануари 2018 година.
¡Acuerdo con @VitoloMachin hasta 2022! Será inscrito como jugador rojiblanco el 1 de enero #Vitolo2022 https://t.co/NvRZwnWoyQ pic.twitter.com/0kMk4NIMr0
— Atlético de Madrid (@Atleti) July 12, 2017