
Тренерот на клубот им јасен став кога во прашање е иднината на Андреа Белоти.
Голегетерот на Торино, може да го напушти клубот, но само за 100 милиони евра, барем така тврди тренерот на клубот Синиша Михајловиќ.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач е огромна желба на Винчецо Монтела и Милан, но во Торино имаат јасен став кога во прашање е судбината на нивниот најдобар фудбалер, преговори нема. Доколку Белоти замина тој ќе биде втор најплатен фудбалер во историјата.
„Претседателот Урбано Каиро беше јасен, откупна клазула или ништо. Мило ми е што е и понатаму со нас, во овој момент помеѓу нас владее одлично пријателство и доверба. Многу сум задоволен од тоа како тренира, неговата желба е огромна“, изјави Михајовиќ за италијанските медиуми.
Пред Милан, интерес за Балотели покажуваа Манчестер Јунајтед и Челзи, но подоцна тие се одлучија за Ромелу Лукаку и Алваро Мората.
Во продолжение погледнете како Белоти ги тресеше противничките мрежи во изминатата сезона.