Поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани би можел да се врати во европскиот фудбал.
Галијани со години беше главен оперативец во Милано и клучен човек за многу успеси на „росонерите“, а во негово време клубот успеа да ги направи едни од најголемите трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Докторот за трансфери би можел да се врати на оваа работи, но не во Милан од каде што замина заедно со Силвио Берлускони, туку во Реал Мадрид.
Наводно претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе започнал преговори со Галијани за негово доаѓање во Мадрид, а „Ла Стампа“ пренесува дека Перез и Галијани се во одлични односи и дека многу лесно би можеле да се договорат.
Според италијанските медиуми, Галијани и претходно бил контактиран од страна на Перез, но тогаш 73 годишниот оперативец ја одбил понудата со образложување дека му е потребен малку одмор.
За крај се истакнува дека доколку Галијани ја прифати понудата наредното лето на располагање ќе добие огромни 200 милиони евра.