Веќе подолго време се шпекулира дека Милан е заинтересирани за Златан Ибрахимовиќ, а сега „росонерите“ почнаа да преземаат и конкретни чекори.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ги започнал преговорите со Ибрахимовиќ и дека тие се во напредна фаза. 37-годишниот Швеѓанец сака да се врати во Европа, а Милан е неговиот прв избор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот тврди дека Милан нема да има проблем да ја плаќа неговата плата, со оглед на фактот што Ибрахимовиќ во моментов заработува 1,5 милиони евра во ЛА Галакси.
„Росонерите“ се спремни да му понудат договор до крајот на сезоната, со опција за уште една сезона, а Ибрахимовиќ веќе дал зелено светло за трансферот.
#ACMilan are reportedly discussing plans for a Zlatan Ibrahimovic reunion in January, but it depends on #FFP rulings https://t.co/XoyXFDrAqZ #LAGalaxy #MLS #Zlatan pic.twitter.com/qNI0SOtP30
— footballitalia (@footballitalia) November 3, 2018