Дома Македонски спорт Мак фудбал Преговорите започнаа: Ангеловски ќе ја води Македонија на ЕП

Преговорите започнаа: Ангеловски ќе ја води Македонија на ЕП

Договорот на Игор Ангеловски истече на 31 декември, па македонската репрезентација во моментов е без селектор.

Последните информации се дека раководството на ФФМ започнало преговори со Ангеловски за продолжување на соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ангеловски и претставниците на Фудбалската федерација на Македонија постигнале начелен договор за нова соработката која по дефинирање на деталите ќе биде официјализирана.

Деталите се уште не се познати, но се шпекулира дека ФФМ му понудила на Ангеловски договор до истекот на Европското првентство, со истите финансиски услови како до сега.

Ангеловски минатиот месец за нашиот медиум изјави дека е спремен да прифати се што ќе му понуди Федерацијата, па според тоа Мрме се очекува да каже ДА на оваа понуда и да ја води Македонија на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…