Преговорите според информациите од Италија се во завршна фаза.
Американскиот Јорк Капитал Менаџмент е многу блиску до превземање на тимот кој оваа сезона е едно од најпријатните изненадувања во Серија А, Сампдорија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според пишувањето на „Газета дело Спорт“ Американците се спремни да вложат 120 милиони евра, а улогата на претседател на клубот би можел да ја добие пораншниот играч на Сампдорија, Џанлука Вијали.
Италијанецот во овој момент ја извршува функцијата директор на британската компанија „Санрајз Спорт“ и соработува со Американците кои се заинтересирани да го купат италијанскиот клуб.
Вијали дресот на Сампдорија го носеше цели осум години и тука го оформи тандемот со Роберто Манчини, моменталниот селектор на „Аѕурите“. Потоа направи трансфер во Јувентус со кој во 1996 година со капитенската лента на раката го освои Купот на шампионите, во финалето го победија Ајакс.
Легендарниот Вијали се проба и во тренерските води, предводеше клубови како Челзи и Вотфорд, но немаше некој поголем успех.