Дома Трансфер зона Првото засилување за Покетино во ПСЖ пристигнува од Премиер лигата

Првото засилување за Покетино во ПСЖ пристигнува од Премиер лигата

Пари Сент Жермен покажува силен интерес за ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха, пренесуваат медиумите на Островот.

ПСЖ вчера и официјално му врачи отказ на Томас Тухел и се очекува за нов тренер да биде назначен Маурисио Покетино.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Покетино е голем симпатизер на играта на 28-годишниот крилен напаѓач, па му препорачал на раководството да го донесат во Париз.

Аргентинскиот тренер го сакаше Заха во Тотенхем, па се чини дека сега ПСЖ ќе му ја исполни желбата.

Заха оваа сезона постигна 8 гола и запиша 2 асистенции, а Кристал Палас нема лесно да се откаже од него бидејќи играчот има договор до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…