Дома Фудбал Останато Првиот човек на бугарскиот фудбал се премисли по хаосот – си даде оставка!

Првиот човек на бугарскиот фудбал се премисли по хаосот – си даде оставка!

Претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија, Борислав Михајлов денеска поднел оставка од функцијата поради големиот притисок од јавноста.

Навивачите пред последниот квалификациски натпревар во Софија организираа протести против Михајлов, а протестите прераснаа во големи немири во кои беа запалени и неколку возила, имаше и повредени.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Набрзо по немирите Михајлов излезе со изјава дека нема намера да се повлече, но очигледно во изминатите денови го сменил ставот, па си заминвуа од функцијата.

„Поднесов оставка. Од првиот момент кога дојдов на чело на БФФ бевме изложени на многу притисоци, критики, лаги, агресија…И во таква ситуација успеавме да оствариме голем број од плановите. Репрезентацијата не се претстави во најдобро свело, но кога е спортот во прашање, никогаш не можете да имате гаранција за успех. Тоа што можев јас да го направам, го направив“, изјави Михајлов.

Новиот прв човек на бугарскиот фудбал ќе биде избран најверојатно на 15. март 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кога продажбата на дресови ти расте за 700%, а си еден од најголемите клубови во светот

Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека продажбата на новите дресови кои ги произведува Ади…