Дома Фото Прва фотографија од Синиша Михајловиќ без капа на главата

Прва фотографија од Синиша Михајловиќ без капа на главата

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се уште води битка со леукемијата.

На тренерот на Болоња минатото лето му беше дијагностицирана оваа тешка болест па веднаш почна со хемотерапија. Неколку недели после тоа се појави во јавноста и тоа на натпревар на својата Болоња каде беше непрепознатлив.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Беше очигледно дека загубил многу килограми, а терапијата си го направила своето кога е во прашање косата, па од тогаш Миха на главата секогаш имаше капа.

Откако пред неколку недели заврши уште еден процес на терапија, Михајловиќ одлучи да ужива со семејството па така настана една опуштена фотографија на која Миха нема ништо на главата.

Фотографијата ја објави неговата споруга а на истата се гледа како легендарниот фудбалер ужива во опуштен амбиент со семејството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…