Дома Македонски спорт Мак ракомет Прва опција за наш противник во ЕХФ неделата за Лазаров била Шпанија

Прва опција за наш противник во ЕХФ неделата за Лазаров била Шпанија

Најголемиот дел од репрезентативците на Македонија веќе се собраа пред ЕХФ неделата во која ќе играме со Египет.

Со Египет ќе одиграме натпревари како подготовка за Европското првенство во јануари, а селекторот Кире Лазаров откри дека прва опција била Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јас инсистирав да имаме посилен противник од европски и светски рамки. Шпанија беше првата опција, меѓутоа не успеавме да се договоривме. Проблем беше патот, сепак сметам дека и Египет воопшто не е лоша опција, тие се и тоа како квалитетен тим. На последните ОИ во Токио играа и полуфинале“, изјави Лазаров.

Натпреварите со Египет ги играме на 4. и 6. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…