Реал Мадрид е силно заинтересирани за ѕвездата на аргентинската репрезентација, Енцо Фернандез.
21-годишниот Аргентинец ова лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата, а со одличните настапи веднаш ја покажа својата класа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти, а тоа го покажа и на Мундијалот каде одигра одлично и беше прогласен за најдобар млад фудбалер.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал се откажува од Белингам и се насочуваат кон Енцо Фернандез, а „кралевите“ за неговиот потпис се спремни да платат 70 милиони евра.
Со ова само се продолжува традицијата Реал да ги купува најдобрите фудбалери од Светските првенства.