Холандскито фудбалер Весли Снајдер ќе ја напушти Ница, а позната е и неговата наредна дестинација.
Самиот Снајдер потврди дека негов нов клуб во кариерата ќе биде, Ал Гараф oд Катар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Преубава авантура и предизвик. Навистина сум среќен што со семејството заминувам таму“, изјави Снајдер.
Освојувачот на „триплетата“ со Интер во сезоната 2009/2010 година кариерата ја започна во Ајакс каде што ги помина сите младински категории, а во кариерата настапуваше уште за Реал Мадрид и Галатасарај.
За Репрезентацијата на Холандија настапи 133 пати постигна 31 погодок, играше финале на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година и го одвои третото место на Мундијалот во Бразил четири години подоцна.