Вчера од Каталонија главна вест беше останувањето на Меси до крајот на договорот, односно до крајот на новата сезона. Така ќе биде доколку работите не се променат во меѓувреме. Денес пристигнуваа добри вести за навивачите.
Меси сакаше да замине меѓутоа клубот не му дозволуваше да го раскине договорот, а Аргентинецот не сакаше целата работа да заврши на суд. По оваа информација, новинарот Албер Рог објави дека Барселона договорила засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според неговите информации трансферот на Мемфис Депај е завршена работа и тој ќе биде нов играч на Каталонците во наредните денови.
Наводно, Барса и Лион постигнале договор за Депај кој ќе го чини каталонскиот клуб 25 милиони евра. За доведување на Депај посебно инсистираше Куман.