Дома Македонски спорт По поразот во Прага фудбалерите ќе бараат утеха во Струмица

По поразот во Прага фудбалерите ќе бараат утеха во Струмица

По поразот Украина во Прага македонските фудбалери денес во терминот од 15:00 часот бараат утеха во Струмица во контролката против Ерменија.

Шанси за пласман на Европското првенство постојат, но тие се минимални и се сведуваат на теорија, посебно затоа што нас во последните две кола не чекаат дуели со Англија и Италија. Македонија во овие есенски циклуси претходно освои бод со Италија и ја совлада Малта, па тоа ја разбуди надежта за втората позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, во саботата во клучниот натпревар во Прага бевме поразени од Украина. Денес на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица избраниците на Милевски ќе истрачаат на дуел со Малта.

Натпреварот е од пријателски карактер, но според изјавите на селекторот и Елиф Елмас на вчерашната прес-конференција желба за победа и позитивен резултат и тоа како постои.

Ротации во составот сигурно ќе има, а шанса би требало да добијат сите во ростерот. Ерменците се добро познат ривал на Македонија, па можеме да очекуваме интересен натпревар. На последната средба во квалификациите за Мундијалот на гостински терен ги победивме со 0:5.

Вкупно против Ерменија сме одиграле 12 натпревари, а нашата селекција има пет победи и четири порази, три натпревари завршиле без победник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…