Дома Македонски спорт По одличната сезона во Белгија Ердон Даци може да се врати во Турција

По одличната сезона во Белгија Ердон Даци може да се врати во Турција

Eкипата на Аланијаспор од Турција покажала интерес за македонскиот репрезентативец Ердон Даци.

Даци во Турција настапуваше до пред само една година кога го напушти Коњаспор и потпиша за Вестерло во Белгија.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Во Коњаспор помина четири години. За Вестерло одигра одлична сезона во која беше најдобар стрелец, а тимот се врати во Суперлигата.

Според најавите од Турција, Аланија сега посакува да го врати во Суперлигата, но прашање е дали ќе успее да го наговори да дојде после одличниот почеток на сезоната на македонскиот офанзивец. Даци во март годинава првпат доби повик за македонската репрезентација за баражите за СП 2022, но нема запишано деби. Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…