Иако поминаа скоро четири месеци откако Нејмар за сума од 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ, за неговиот трансфер сеуште се зборува.
Откако, првата ѕвезда на тимот Лионел Меси зборуваше за ситуацијата во клубот по заминувањето на Нејмар сега се огласи и хравтскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Факт е дека со Нејмар во тимот игравме повеќе атрактивно и сигурно дека во тој поглед ни недостасува, но со неговото заминување дефинитивно добивме поголема рамнотежа и до сега ни оди добро“.
Ракитиќ исто така потврди дека со задоволство би го вратил Нејмар во клубот.
„Доколку имам таква можност веднаш би го вратил во тимот. Тој е тип на играч кој секој тим би го посакал и навистина ќе бев среќен доколку останеше. Сега го променивме стилот на игра и подеднакво сме добри во нападот и во одбраната. Без оглед што освојуваме бодови сеуште имаме простор за напредок“, заврши Ракитиќ.