Дома Фудбал Италија По кратка постапка, клубот ги прекина преговорите, одличниот дефанзивец е слободен играч

По кратка постапка, клубот ги прекина преговорите, одличниот дефанзивец е слободен играч

Ништо од продолжување на договорот, сега го имаме фудбалерот околу кој ќе се води битка за неговиот потпис на лето.

Стефан Де Врај нема да го продолжи договорот со Лацио. Имено, Холанѓанецот преговарал со клубот за нов договор, со клазула со која на клубот ќе му донесе заработка во јуни, но целата работа пропадна.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Нема продолжување на договорот, тој е слободен да замине летоска.“ – изнервирано прокоментира Игли Таре, директорот на клубот.

Информациите ги потврди и тренерот Симоне Инзаги со зборовите дека е штета, но дека Де Врај ќе биде во екипата до јуни. Со други зборови, клубот нема да го изолира и да го стави на клупата поради тоа што одбил да потпише нов договор бидејќи е важен играч во борбата за место во ЛШ.

Римскиот клуб на Де Врај му нуделе 2.5 милиони евра по сезона, што е премалку, поради фактот што тој веќе има понуда на маса од Интер од 4, а се зборува дека интерес покажува и Барселона, како и англиски клубови.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…