Пјерлуиџи Колина, легендарниот фудбалски судија кој денес е прв човек на судиската комисија на ФИФА истакна дека во иднина би можело да се размисли за воведување на „правило на милост“ во фудбалот ако некоја екипа има голема предност.
Колина на оваа тема зборуваше по дебаклот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул од 7:0 во кој имаше дури три минути судиско продолжение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се играа дополнителни четири минути – една во првото и три во второто. Но, во второто беа постигнат шест гола. Разбирам дека е тешко да се сфати одреденување дополнително време при резултат 7:0. Меѓутоа во некои натпреварувања гол-разликата може да биде одлучувачки фактор, па така еден постигнат гол може да направи разлика“, изјави Колина.
Сепак не го исклучува воведувањето на ново правило.
„Можеби во иднина би можеле да разгледаме правило да не се одредува дополнително време ако постои одредена разлика помеѓу тимовите. Мораме да ги разгледаме сите аспекти“, изјави Колина.