Дома Фудбал Останато По две години без работа, Солскјер е пред нов тренерски ангажман

По две години без работа, Солскјер е пред нов тренерски ангажман

Eкс-тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер набрзо би можел да се врати на тренерската работа.

Норвежанецот добил понуда од турскиот гигант Бешикташ и најверојатно ќе ја прифати. Солскјер е без работа од пред две години кога доби отказ во Манчестер Јунајтед, додека Бешикташ неодамна го отпушти тренерот поради лошите резултати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Задачата на Солскјер во Бешикташ би била да го врати тимот на победничките патеки и да донесе еден позитивен шок. Неговите претходници Шенол Ѓунеш и Бурак Јилмаз немаа многу успех.

Во овој момент Бешикташ е петти на табелата, но е далеку од битката за титулата бидејќи Фенербахче и Галатасарај имаат по 43 бодови, а тие 26.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Томас Франк во Тотенхем за осум месеци и 38 натпревари си заработи богатство!

Тотенхем решија да го отпуштат тренерот Томас Френк по серија на лоши резултати, а последн…