Познато беше за неговиот татко, но и славниот напаѓач исто така бил вмешан во целата приказна. Денес е донесена пресудата…
И кога Виченцо Јакинта играше фудбал се зборуваше дека има врска со калбриската мафија и дека неговиот татко е влијателен член на озогласената мафија. Секако, не бил во прв план како Џуезепе Скули чиј дедо е еден од „доновите“ на мафијата и на кој никој ништо не смее да му приговори.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Јакинта после завршувањето на кариерата поради честите повреди, обвинет бил за нелегално поседување на оружје во процесот кој државата го водеше против мафијата денес биле објавени пресудите.
Поранешниот италијански репрезентативец и шампион на светот од 2006 година е осуден на затворска казна од две години, а неговиот татко доби дури 19 години.
Џузепе и Виченцо денес бесни ја напуштија судница тврдејќи дека ова е неправда и голем срам, ова е првостепена пресуда, останува да видиме што ќе се случува. Процесот трае околу три ипол години, а оружјете било пронајдено во семејната куќа во Кватро Кастели во Реџо Емилија.