Во изминатиот период се појави најави дека Барселона може да биде исфрлена од Лигата на шампионите, но изгледа дека не се само каталонците под истрага.
Многумина сметаат дека најавата за исфрлање на Барселона од елитното натпреварување е како притисок поради учеството во Суперлигата која повторно е актуелна од пред неколку дена, но изгледа дека не е баш така.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, под истрага биле уште девет европски гиганти, а имињата на сите не се откриваат.
„Помеѓу оние кои можат да бидат суспендирани се и уште Манчестер Сити, ПСЖ и Милан“, тврди „Марка“.
Сепак, навистина е малку веројатно УЕФА да се одлучи на ваков потег во моменти кога Перез и соработниците се обидуваат да убедат клубови да учествуваат во Суперлигата. Ако УЕФА се одлучи да ги исфрли тогаш големи се шансите сите исфрлени да се насочат кон проектот на претседателот на Реал Мадрид.