Дома Топ вести Потоп за Реал на „Ноу Камп“: Суарез правеше чуда, пукна „петарда“ во мрежата на Куртоа! (ВИДЕО)

Потоп за Реал на „Ноу Камп“: Суарез правеше чуда, пукна „петарда“ во мрежата на Куртоа! (ВИДЕО)

Денес се одигра големото „Ел Класико“ во кое Барселона стигна до убедлива победа од 5:1.

Со оглед на тоа формата во која се наоѓаше тимот на Реал, Барса беше благ фаворит и пред натпреварот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Каталонците до предност стигнаа рано уште во 11-тата минута кога Кутињо после асистенцијата од Алба ја погоди мрежата на Куртоа. После половина час Барселона после реакцијата од ВАР доби пенал кој во гол го претвори Суарез за 2:0.

Со тој резултат се замина и на полувреме.

На стартот од вторите 45 минути, после само пет минути игра Марсело погодува за 2:1 и дава „трошка“ надеж на „кралевите“.

Во 75 минутата Суарез го постигнува својот втор за 3:1. Треба да се истакне дека непосредно пред голот на Уругваецот, Бензема пропушти 100% шанса да изедначи на 2:2.

Барса не застана тука, Суарез осум минути подоцна успеа да стигне и до хет-трик.

За целосен потоп и катастрофа на тимот на Лопетеги се погрижи нововлезениот Видал кој на три минути пред истекот на регуларните 90 ги псотави конечни 5:1.

До крајот Барселона промаши и уште една одлична прилика за уште поубедлива победа, а многу веројатно дека ова беше и последниот натпревар за Лопетеги како тренер на Реал Мадрид.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал ја „краде“ големата желба на Арсенал

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…