Јувентус утре му гостува на Тотенхем во реваншот од 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
Англискиот клуб од има предност пред реваншот после ремито 2:2 во Торино. Тренерот на „старата дама“ Масимилијано Алегри го објави списокот на играчи на кои ќе смета за утрешната средба во Лондон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во еден од најважните натпревари во сезоната Алегри не ќе може да смета на Федерико Бернардески, Хуан Квардадо и Марио Манџукиќ.
Добра вест за Италијанците е што во тимот се враќа Гонзало Игуаин кој ги пропушти последните два натпревари.
Списокот на Јувентус за натпреварот против Тотенхем: Буфон, Пинсогљо, Шчесни, Дел Фаверо, Де Шиљо, Бенатија, Алекс Сандро, Брзаљи, Ругани, Лихштајнер, Пјаниќ, Кедира, Маркизио, Матуиди, Асамоа, Стураро, Бентакур, Игуаин, Дибала, Коста.