Дома Фудбал Останато Потврдено: Челзи утре ќе биде без Азар

Потврдено: Челзи утре ќе биде без Азар

Првата Звезда на Челзи, Еден Азар нема да биде спремен за утрешниот натпревар на Челзи во Лигата на Европа кој „сините“ ќе го играат против ПАОК, тоа го потврди Маурицио Сари.

Азар има проблеми со повреда на зглобот, па нема да биде спремен за утрешниот натпревар на „Стенфорд Бриџ“, но Сари верува дека ќе може да настапи во Премиер лигата за викендот.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Тренерот на Челзи исто така додаде дека повреден е и Виктор Мозес.

„Последниот проблем е Мозес, разговарав со докторот и ми кажа дека има проблеми со грбот. Мислам дека нема да биде во состојба да игра утре“.

„Азар не е сериозно повреден. Мислам дека нема да биде во состојба против ПАОК, но ќе биде спремен за Премиер лигата. Загрижен сум поради него и формата бидејќи пред 25 дена имаше проблеми со грбот, а сега го мачи зглобот. Пропушти многу тренинзи и не е во најдобра физичка состојба“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ги избра парите и сега жали: Еуфорија во Барселона, неочекувано се враќа нивниот најголем борец!?

Иако Деко најави дека Барселона оваа зима нема да биде активна кога станува збор за засилу…