Дома Трансфер зона Потврдено: Чалханоглу наскоро во Милано на прегледи!

Потврдено: Чалханоглу наскоро во Милано на прегледи!

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу, својата кариера судејќи според ситуацијата ќе ја продолжи во италијанската Серија А.

Медиумите во Италија објавија дека Чалханоглу ова лето ќе го напушти Леверкузен и дека е во преговори со „росонерите“. Турскиот репрезентативец сака да направи чекор напред во својата кариера и наводно од потписот со Милан го делат само лекарските прегледи.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Football Italia“ денес овјави дека Чалханоглу ги договорил своите услови со Милан како и дека се очекува наскоро да пристигне на лекарски прегледи. Ова го потврди и неговиот агент Бекташ Демитрас кој изјави дека се е договорено помеѓу играчот и клубот и дека останува да се договорат уште клубовите за висината на оштетата.

„Имавме разговори со Милан и се договоривме. Сега остана само клубовите да ја договорат висината на оштетата и мислам дека Хакан наскоро ќе пристигне на лекарски прегледи во Милано“, изјави Демитрас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити спреми 100 милиони за ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…