Дома Фудбал Лига на шампиони Потврдено: Финалето во ЛШ ќе се игра во август!

Потврдено: Финалето во ЛШ ќе се игра во август!

Претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир потврди дека финалето во Лигата на шампионите дефинитивно ќе се игра во Инстанбул и во август, сепак не прецизираше точен датум.

Финалето во најелитното клупско натпреварување во Европа требаше да се одржи во мај, меѓутоа тоа се одложи поради коронавирусот. Турската лига пак треба да започне на 12. јуни и да заврши на 26. јули.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Се надеваме дека се најдобро ќе заврши со нашите лиги до крајот на јули. Ќе ги поделиме пехарите освени на терен, а сезоната ќе ја завршиме така што ќе бидеме домаќини на финалето во ЛШ во август“, изјави Оздемир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валверде застана пред камерата и зборуваше за болната вистина за Мбапе и Винисиус

Реал Мадрид ја прекина лошата серија во Ла Лига и синоќа на гости во Билбао успеа да го по…