Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик ќе дебитира во Формула 1 во болидот на Алфа Ромео наредниот месец на патеката во Нурбургинг.
Трката за големата награда на Германија на програмата е на 11. октомври, а програмот почнува два дена порано за да се одржи првиот слободен тренинг.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес е потврдено дека Мик Шумахер ќе дебитира во Формула 1 на првиот слободен тренинг во болидот на Алфа Ромео кој инаку го вози Антонио Џованчи.
Шумахер беше член на академијата на Ферари и во овој момент се трка во Формула 2. Претходно возеше болид на Ферари во Ф1 кога беа тестирањата.
Ова ќе му биде прв настап во официјалниот дел и ќе има шанса на тренингот да покаже што може. Џованчи болидот ќе го превземе од вториот тренинг и ќе учествува на трката.