Дома Фудбал Потврдено: Реал Мадрид без Бензема против Барселона!

Потврдено: Реал Мадрид без Бензема против Барселона!

Навивачите на Реал Мадрид неколку дена стравуваа, а денес се потврдени  вестите дека стравот бил оправдан.

Реал Мадрид во „Ел Класико“ ќе игра без Карим Бензема кој е играчот со најдобра форма помеѓу „кралевите“. Бензема во текот на целата сезона има проблеми со повреда, во главно тренираше во теретана, а после последните направени тестови е потврдено дека нема да може да му помогне на Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бензема за Реал Мадрид сезонава постигна 33 голови и без сомневање се очекуваше да биде најголема закана за голот на Барселона, сигурно дека неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за шпанскиот гигант.

Преостанатите „деветки“ на кои Карло Анчелоти може да смета се Лука Јовиќ и Мариона Диаз, но и двајцата не добиваа премногу шанса кај италијанскиот стратег. Очекувањата се некој од Асенсио, Родриго Гоеш или Азар да игра во самиот врв на нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…