Синиша Михајловиќ во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за бројни теми.
Михајловиќ зборуваше за тешки теми од неговиот живот, но внимание привлекоа и некои спортски. Српскиот стратег сега откри дека бил навистина блиску до превземање на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа се случувало во 2014 година кога тогашниот тренер Јувентус, Антонио Конте размислувал дали да остане во клубот. Додека Конте не бил сигурен за својата иднина управата на Јувентус го контактирала Михајловиќ и било договорено да го наследи Конте.
Меѓутоа Конте се премислил, ги започнал припремите, па дури потоа си заминал, а во тое време Михајловиќ веќе пронашол ангажман во Сампдорија. Место него тогаш во Торино доведен беше Алегри кој и денес е тренер на Јувентус.
„Со Јувентус договорив се. Бев кај претседателот Ањели на состанокот присуствуваа Марота и Недвед. Меѓутоа тогаш Конте одлучи да остане, па си замина два месеци подоцна. За мене тогаш веќе беше доцна бидејќи потпишав за Сампдорија и во Јувентус беше доведен Алегри“, изјави Михајловиќ.
Михајловиќ откри и дека многу пати во кариерата бил во преговори со Интер.
„Со Интер толку многу пати бев во контакт што повеќе не знам колку пати бев блиску до нивната клупа“, заврши Михајловиќ.
Место во Јувентус, Михајловиќ неколку години подоцна дојде во Торино како тренер на „биковите“. Денес е тренер на Болоња со која има солидни резултати.