Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез изјави дека Абел Фереира, Доривал Жуниор и Фернандо Диниз се најсериозните кандидати за нов бразилски селектор.
Актуелниот селектор Тите одлучи да се пензионира по завршувањето на Светското првенство во Катар. Бразил на Мундијалот ќе игра во група со Србија, Швајцарија и Камерун.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бразилскиот фудбал има неисцрпен извор на големи тренери. Можам да потврдам дека кандидати за тренер се Фереира, Жуниор и Диниз, но не е фер да се зборува само за нив, а да се заборават другите, бидејќи имаме уште најмалку 10 квалитетни кандидати. Моментално сме фокусирани на подготовките за Катар. Ќе донесеме одлука за наследникот на Тите по Светското првенство“, рече Родригез.
Фереира (43) е португалски стручњак кој моментално е тренер на Палмеирас и со тој клуб двапати по ред го освојуваше Копа Либертадорес, а претходно беше тренер на ПАОК, Брага и Спортинг.
Диниз (48) е тренер на Флуминенсе, а претходно, меѓу другите, раководеше со Васко де Гама, Сантос, Сао Паоло и Атлетико Параненсе.
Доривал Јуниор (60) е тренер на Фламенго, а претходно ги водеше Сао Паоло, Палмеирас, Флуминенсе, Васко де Гама, Сантос и Крузеиро.
Тите ја презеде селекцијата на Бразил во 2016 година и со оваа селекција стигна до четврт-финалето на СП 2018 во Русија, каде беше поразен од Белгија со 2:1.
Со Бразил ја освои Копа Америка во 2019 година, а лани загуби од Аргентина во финалето на ова натпреварување. Бразилската јавност очекува тој да се збогува со титулата светски првак.