Манчестер Јунајтед може да ја врати во своите редови ѕвездата на Лион, Мемфис Депај, за кого силен интерес покажува Тотенхем.
Имено, „црвените ѓаволи“ во договорот на Холанѓанецот ставиле клаузула со која ќе можат да го вратат на Олд Трафорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Депај помина 18 месеци во Манчестер Јунајтед, но не се снајде најдобро и во јануари 2017 година беше продаден во Лион за 16 милиони фунти.
Холанѓанецот блеска во Франција и оваа сезона има постигнато 11 гола на 14 меча во сите натпреварувања.
Англиските медиуми тврдат дека Тотенхем е спремен да понуди 50 милиони фунти за неговиот потпис, но Јунајтед ќе има право да ја израмни понудата.
„Вистина е дека Манчестер Јунајтед има предност за да го купи Депај. Тие работи се нормални во фудбалот. Меѓутоа, до сега не сме добиле никаква понуда за него. Мислам дека е среќен во Лион“, објави спортскиот директор Жунињо.
4 – Memphis Depay is the 2nd player to score for Lyon in four consecutive appearances in the Champions League after Sonny Anderson in October 2002. Unleashed. pic.twitter.com/08pdN2sXw6
— OptaJean (@OptaJean) November 5, 2019