Англискиот арбитар Марк Клатенбург иако важи за еден од најдобрите во светот, сепак сезонава често е мета на критики и е во центарот на вниманието поради своите грешки.
Овој 41-годишен судија уште пред неколку месеци се пожали на огромниот притисок со кој се соочуваат арбитрите во Англија, а денес и официјално побара раскин на договорот со Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако овие денови се пишуваше дека ќе замине во САД и ќе потпише договор со МЛС лигата или во кинеската Супер лига, сепак Клатенбург се одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
„Му посакуваме на Марк Клатенбург многу среќа при следниот ангажман во Саудиска Арабија. Откако стана дел од нашето здружение во 2004 година Марк прерасна во еден од најдобрите судии во земјата, поставувајќи стандарди што сите останати се обидуваа да ги достигнат. Воедно, овој трансфер е уште еден доказ за големата почит што во светскиот фудбал постои за англиските судии“, се вели во соопштението на Судиската Организација.