Дома Трансфер зона Потврдено: Влаховиќ одбил да стане најплатен во историјата на Фиорентина

Потврдено: Влаховиќ одбил да стане најплатен во историјата на Фиорентина

Како што пренесува дорбо известениот Фабрицио Романо преговорите помеѓу Фиорентина и Душан Влаховиќ се завршени неуспешно.

Влаховиќ ги одбил понудите на италијанскиот клуб, а тоа го потврди и првиот човек на Фиорентина.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Влаховиќ не ја прифати нашата голема понуда за продолжување на договорот. Преговаравме со месеци, готово е“, изјави Роко Комизо. Понудата од Фиорентина изнесуваше четири милиони евра по сезона со што Србинот имаше можност да стане најплатениот играч во историјата на клубот од Фиренца.

Договорот на српскиот фудбалер му истекува во јуни 2023 година. Преговорите долго се водеа, скоро цело лето се пишуваше и за заминување, но тоа не се случи. Влаховиќ минатата сезона го предводеше нападот на Фиорентина со 21 гол на 37 натпревари во Серија А. Во актуелната продолжи во ист ритам и веќе постигна шест гола на осум натпревари.

Помеѓу најсериозните кандидат за доведување на Влаховиќ е Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…