Дома Фудбал Потврдено: Барселона и Севиља ќе играат во Мадрид

Потврдено: Барселона и Севиља ќе играат во Мадрид

Како и што беше најавувано финалето од шпанскиот куп помеѓу Барселона и Севиља ќе се одигра во престолнината на Шпанија.

Финалето од шпанскиот куп кое е закажано за 21 април ќе се игра на стадионот на Атлетико „Ванда Метрополитано“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се шпекулираше за можна промена и натпреварот да се одигра на стадионот на Валенсија „Местаља“ но одлуката сепак беше донесена домаќин да биде новиот стадион на „јорганџиите“.

Да потсетиме, стадионот „Ванда Метрополитано“ беше ставен во функција оваа сезона и тој е новиот дом на Атетико Мадрид кој до минатата сезона своите натпревари ги играше на „Висенте Калдерон“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите го исмејуваат Аморим по изјавата по порзот од Арсенал – му пораа да го гледа Артета!

Манчестер Јунаајтед беше поразен од Арсенал со минимален резултат благодарение на голот на…