Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Англија без ѕвездата на Реал во Скопје!

Потврдено: Англија без ѕвездата на Реал во Скопје!

Како и што се најавува, Англија без ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам ќе гостува во Скопје.

Инсистираше Саутгејт да го има во составот, но Реал Мадрид не дозволи, па англискиот репрезентативец ќе се врати во базата во Мадрид. Англија веќе го обезбеди својот пласман на Европското првенство, па затоа во Реал не сакаат ризикуваат Белингам да настапи бидејќи има ситна повреда на рамото.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Белингам повредата ја заработи пред натпреварот за викендот против Валенсија и не играше ниту за Реал, па сега во наредните денови ќе продолжи да се опоравува. Покрај Белингам, Саутгејт нема да смета ниту на Леви Колвил.

Претходно на англискиот селектор му откажаа: Џејмс Медисон, Луис Данк и Калум Вилсон, а тој дополнително ги повика младите таленти Кол Палмер, Рико Луис и Езри Конса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…