Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, на 4-ти јуни ќе се врати на клупата на „црвените ѓаволи“, за прв пат откако го напушти клубот во 2013 година.
Фергусон ќе ја води екипата на Манчестер Јунајтед на ревијален натпревар во чест на Мајкл Керик против Ол-Стар тимот кој ќе го предводи Хари Редкнап.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За тимот на Карик на 4-ти јуни на „Олд Трафорд“ меѓу останатите ќе настапат и Пол Сколс, Рајан Гигс, Стивен Џерард и Франк Лампард.
Сеуште не е познато дали ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, кој настапуваше за Јунајтед до 2009 година, повторно ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“.
Фергусон во текот на својата 27-годишна кариера со Манчестер освои 38 трофеи и се збогува со тимот кога му ја донесе 20-та титула во Премиер лигата во 2013 година.