Дома Фудбал Англија Постои можност Сити да игра во ЛШ следната сезона

Постои можност Сити да игра во ЛШ следната сезона

Правните експерти тврдат дека Манчестер Сити ќе може да ја избегне казната од УЕФА и наредната сезона ќе може да игра во Лигата на шампиони.

УЕФА поради кршење на Финансиски фер-плеј го казни Сити со двегодишна суспензија од европските натпреварувања и 30 милиони евра казна.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Сити веднаш испрати жалба до Спортскиот арбитражен суд и може да побара одлагање на казната додека целиот случај не добие судска разврска.

Доколку Сити побара одлагање на казната се додека не дојде пресудата од судот, спорот сигурно нема да биде решен до 27-ми август, кога ќе биде ждребот во Лигата на шампиони.

Доколку судот потоа ја потврди казната, тогаш Сити ќе биде суспендиран за следните две години.

„Извесно е дека Сити ќе побара одлагање, би било несериозно да не го побараат тоа“, изјави спортскиот правник Џон Мерзад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер ја исполнува желбата на Аморим и тоа ќе го чини 80 милиони евра

Манчестер јунајтед заврши работа за која се зборува од почетокот на летото и договори уште…