Дома Фудбал Англија Постигна четири погодоци и побара покачување од 150.000 фунти!

Постигна четири погодоци и побара покачување од 150.000 фунти!

Белгиецот од редовите на Манчестер Јунајтед оваа сезона е еден од најважните фудбалери во тимот на Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ на десет официјални натпревари оваа сезона запиша осум победи, едно реми и еден пораз и тоа оној во Скопје во рамките од Суперкупот на Европа против Реал Мадрид.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Избраниците на Жозе Мурињо блескаат во Премиер лигата ,тие се лидери на табелата и од стартот на сезоната изгубија само два бода.

Во последно време играат без Пол Погба кој има проблеми со поведа, па на негово место шанса доби Маруан Фелаини кој на вистински начин ја искористува.

Иако минатата сезона беше мета на критики поради слабите настапи оваа сезона покажува во сосема поинакво светло. Фелаини во новата сезона веќе постигна четири погодоци, два постигна во победата над Кристал Палас и покажа колку вреди во системот на Мурињо.

Сепак, познато е дека договорот Белгиецот со Јунајтед го обврзува само до крајот на сезоната.

Се шпекулираше дека би можел да премине во Галатасарај, но Мурињо саркастично изјави дека турскиот клуб би морал да го доведе прво него па потоа Фелаини.

Поради настапите Белгиецот очекува понуда за нов договор, а сега тој сака да добие покачување од 150.000 фунти. Останува да видиме дали Јунајтед е спремен да ги исполни неговите барања иако нема сомневање дека Мурињо ќе направи се што е во негова моќ да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден фудбалер на Србија не го чекал чартерот – се вратил сам во Белград!

Фудбалерите на Србија беа елиминирани од Европското првенство уште во групната фаза по рем…