Аргентинскиот репрезентативец Николас Гаиан е на излезна врата од Атлетико Мадрид, а најверојатно следната дестинација во неговата кариера ќе биде Русија.
Ова денес го откри еминентниот новинар Луис Фрегоси, кој соопшти дека 29-годишниот крилен напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Зенит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Гаитан е на чекор од трансфер во Зенит. Се помеѓу двата клуба е веќе договорено“, напиша Фрегоси на Твитер.
Гаитан пристигна во Атлететико во 2016 година од Бенфика за 25 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и ја загуби довербата кај Диего Симеоне.
Гаитан имаше понуди од неколку премиерлигаши, но понудата од Зенит беше финансиски најдобра како за играчот така за Атлетико Мадрид.
Comenta @LuisFregossi que es casi un hecho que Gaitán seguirá su carrera en el Zenit de Rusia pic.twitter.com/Poq99CyxiZ
— Eterno Boca (@EternoBoca12) January 23, 2018