Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен постигнаа договор за трансфер на Марсел Сабицер, пренесуваат англиските медиуми.
После повредата на Ериксен, „црвените ѓаволи“ тргнаа во потрага по играч за врска и започнаа преговори со Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австриецот беше спремен да ја промени средината и веднаш се договори со Манчестер Јунајтед, а попладнево конечно и двата клуба најдоа заеднички јазик.
Сабицер ќе се пресели на „Олд Трафорд“ на позајмица до крајот на сезоната, а во договорот нема опција за откуп.
Играчот веќе е на пат за Манчестер за да го комплетира трансферот до крајот на преодниот рок во Англија.
Marcel Sabitzer to Manchester United, here we go! Full agreement reached on loan deal, no buy option — confirmed 🚨🔴 #MUFC #DeadlineDay
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2023
Deal set to be signed with Bayern in the final hours as personal terms agreed too.
Boarding completed – ✈️ Manchester @TurkishAirlines pic.twitter.com/tLpe5XNVtJ