Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Наскоро важен потпис на „Џузепе Меаца“

Постигнат договор: Наскоро важен потпис на „Џузепе Меаца“

Голманот и канпитен на Интер, Самир Хандановиќ постигна договор со раководството за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Хандановиќ истекува во 2021 година, а двете страни веќе постигнале договор за продолжување на соработката до 2024 година.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Словенецот најверојатно кариерата ќе ја заврши во Интер бидејќи кога ќе му истече новиот договор ќе има 38 години.

Хандановиќ во 2012 година за сума од 12 милиони евра пристигна во Интер и од тогаш е незаменлив дел од „нероаѕурите“.

35-годишниот голман ќе добие шанса да го подобри рекордот на Валтер Зенга за најмногу настапи за Интер. Хандановиќ до сега има 279 настапи, а рекордерот Зенга 328.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На „Енфилд“ синоќа се одржа итен состанок – позната е судбината на Арне Слот

Ливерпул се наоѓа во очајна форма оваа сезона, а потврда за тоа е и синоќешниот пораз на Е…