Вчерашниот прв натпрвеар од Купот на Италија помеѓу Интер и Јувентус помина со големи инциденти во самата завршница, а исклучувања заработија Лукаку, Хандановиќ и Квардадо.
Исклучувањата Квардадо и Хандановиќ ги добија поради жестокиот конфликт кој го имаа, двајцата беа блиску до физичка пресметка. Камерите покажале дека Квардадо сакал да го „нокаутира“ голманот на Интер, па Колубмиецот би можел да заработи сериозна суспензија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дисциплинската комисија во Италија отвори истрага за се што се случуваше, а наводно Квардадо би можел да заработи и суспензија до крајот на сезоната.
Натпреварот помеѓу големите ривали заврши без победник (1:1), а патникот во финалето ќе се решава на 26-ти април кога двете екипи ќе се сретнат на „Џузепе Меаца“.
Togliete tutte le stelle stadium e datele a Juan #Cuadrado #tiamo #JuveInter pic.twitter.com/8wlZseT9wW
— JuanMioCapitanoJu (@barbajju_ju) April 4, 2023