Tурските медиуми и страници блиски на клубот со сигурност објавија дека најдобриот фудбалер на Вардар од минатата сезона Даниел Аврамовски ќе игра за Кајзериспор.
Аврамовски во минатата сезона која се прекина поради коронавирусот беше прв стрелец со 10 гола, а после хаосот и финансиската криза во клубот и тој си замина од редовите на „црвено-црните“ како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Аврамовски настапуваше за Работнички, Црвена Звезда, Војводина и Олимпија Љубљана. Во редовите на Вардар дојде во јануари лани и брзо ја прикажа својата најдобра форма.
Ќе потсетиме, Аврамовски беше дел и од генерацијата на Македонија до 21 година која се пласираше на Европското првенство во 2017 година.