Поранешниот селектор на репрезентација на Шпанија, Висенте Дел Боске после 45 години направи голема промена.
Во текот на годините Висенте Дел Боске стана препозналив по своите бркови, но сега ги – нема!
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Легендарниот Шпанец ги изненади сите кога на церемонија во Мадрид организирана од „Мен’s Health“.
„Се согласив да снимам реклама за една риболовна компанија. Ги прашав зошто ме избрале токму мене и ми одговорија: Работата се врти околу бркови, а за ефект на рекламата ќе морате да се избричите. На почетокот не ми се допадна, но ете…“.
„Точно 45 години тие бркови беа мој заштитен знак. Чудно ми е без нив. Сега не се бричам додека не имам нови исти такви“, порача пензионираниот шпански селектор.
