
Аталанта полека го гради тимот со кој во наредната сезона за прв пат во својата историја ќе игра во Лигата на шампионите.
Во минатата сезона клубот од Бергамо успеа изненадувачки да заврши на четвртата позиција во Серија А и така обезбеди место во групната фаза од најелитното европско натпреварување.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Пред неколку дена Аталанта потпиша договор со Мартин Шкртел кој како слободен агент пристигна во италијанскиот клуб откако му истече договорот со турски Фенербахче.
Покрај Шкртел Аталанта сега би можела да доведе уште поранешен фудбалер на Ливерпул, пишуваат италијанските медиуми.
Наводно, овој клуб ќе се обиде во своите редови да го доведе Даниел Стариџ кој во овој момент е без клуб. Според информациите преговорите се веќе започнати и Стариџ изразил желба да игра во Серија А.