После шест месеци во Ѓирмот македонскиот фудбалер Матеј Цветановски кариерата ја продолжува во редовите на албански Партизани каде што пристигнува како слободен играч.
Минатото зимо Цветановски од Шкупи се пресел иво Унгарија меѓутоа со неговиот тим не успеа да избори опстанок во првата унгарска лига, па брзо си замина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во кариерата покрај Шкупи и Ѓирмот Цветановски беше дел уште од Вардар, Македонија Ѓорче Петров и Пелистер. Боите на Вардар ги бранеше во последната шампионска титула на црвено-црните кога беше еден од најважните играчи.
Со неговиот трансфер во албанското првенство се зголемува македонската колонија кај западниот сосед.