Дома Фудбал Англија После четири години Де Геа симнат од тронот: Навивачите го избраа играчот на сезоната во Јунајтед

После четири години Де Геа симнат од тронот: Навивачите го избраа играчот на сезоната во Јунајтед

Шпанскиот голман Давид Де Геа минатата година постави рекорд кога четврти пат во низа ја доби наградата за играч на сезоната во Манчестер Јунајтед, признание кое клубот го доделува на крајот од сезоната.

Ова признание има посебна важност затоа што гласаат гановите, а Де Геа доби наследник.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Многумина веројатно мислеа дека оваа година за играч на сезоната ќе биде прогласен некој од Маркус Рашфорд и Давид Де Геа, меѓутоа тоа не се случи.

Играч на сезоната за Манчестер Јунајтед е левиот бек, Лук Шо.

Она што е интересно е што ова е втора ваква награда за Шо, тој претходно беше избран за играч на сезоната од страна на самите играчи на Јунајтед. Кај навивачите зад Шо завршија Виктор Линделоф на втората позиција и Пол Погба на третата.

Секако Шо после освојувањето на ова признание искажа големо задоволство.

„За прв пат го добивам ова признание и навистина ми значи. Но, јас повеќе би сакал да не освојувам индивидуални признанија, а да имаме успех како тим. Мораме да гледаме напред и да се насочиме во сезоната која следи. Солскјер направи големи работи, имавме и подеми и падови, сега треба максимално да се подговтиме во предсезоната“, изјави Шо после добивањето на наградата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) „Новиот Модриќ“ постигна хет-трик во Лигата на шампионите, противниците тврдат: Тој е идната „Златна топка“

Актуелниот европски првак ПСЖ славеше против Тотенхем во петтото коло од Лигата на шампион…