Дома Фудбал Репрезентации После срамот против Лихтенштајн среде Атина грчките фудбалери биле заклучени во соблекувалната

После срамот против Лихтенштајн среде Атина грчките фудбалери биле заклучени во соблекувалната

На Грција не и оди ниту со новиот селектот. Џон Ван Шип неодамна беше ангажиран за шеф на стручниот штаб и уште на стартот на својот мандат се посрамоти.

Предводена од холандскиот тренер Грција на домашен терен не успеа да го победи Лихтенштајн. Натпреварот заврши 1:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Натпреварот се играше на Олимпискиот стадион во Атина. Свесен за понижувањето после натпреварот селекторот ги заклучил играчите во соблекувалната и не дозволил никој да се приближи, пишуваат грчките медиуми.

Новинарите нестрпеливо чекале да сретнат некој од играчите меѓутоа самата атмосфера била напната и веројатно и фудбалерите после таква бламажа не сакале да се појават пред камерите.

Селекторот Ван Шип зборувшае за медиумите и порача дека со овој резултат го допреле дното.

„Разочарани сме, требаше да победиме со оглед на шансите. Лихтенштајн имаше само една шанса. Го допревме дното. Ќе мораме напорно да работиме и да ја подмладиме селекцијата“, изјави холандскиот тренер.

После шест одиграни кола Грција е петопласирана во групата од квалификациите со само пет освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…